Во Сан Франциско дојдоа многу познати личности
Во „Кастро театарот“ во сабота на 18 декември, во Сан Франциско се одржа светската премиера на филмот „The Matrix Resurrections“, четвртиот дел од франшизата „Matrix“. Фановите се собраа пред ова кино и ги чекаа ѕвездите на филмското остварување.
Актерската екипа пристигна и позираше на црвениот тепих. Очекувано, најголемо внимание привлекоа главните ѕвезди – Кијану Ривс (Томас Андерсон/Нео) и Кери Ен Мос (Тринити).
Ривс се одлучи за костум, додека Мос носеше црн фустан. Дојде и Џејда Пинкет Смит со нејзиниот син Џејден Смит, а актерката носеше црвена креација. Актерот Нил Патрик Харис присуствуваше на овој настан со сопругата Дејвид Буртко.
Се беше во знакот на зелено-црната боја, што е карактеристична за оваа франшиза.
Погледнете како беше во Сан Франциско:
Премиера на „The Matrix Resurrections“ во театарот Кастро во Сан Франциско – Кери Ен Мос и Киану Ривс
Погледнете го трејлерот: