Секогаш кога сте на диета, првото нешто што ќе го дознаете е дека тестенините се строго забранети. Па, како Италијанките изгледаат толку добро и не се откажуваат од овие задоволства? Со практикување на еден строго чуван трик!
Исто како и дамите од Франција, и Италијанките се познати по тоа што не се откажуваат од уживањето во вкусната храна, а сепак успеваат да изгледаат феноменално. А трикот за тоа се вика „passeggiata“ – што би било кратка прошетка која се практикува веднаш по оброкот и трае околу 15 минути.
Тие одат на овие кратки прошетки за да уживаат во сонцето или да разговараат со пријателите, а во исто време го спречуваат телото да се здебели, бидејќи неодамна објавената студија во списанието „Diabetes Care“ вели дека три прошетки од 15 минути дневно после оброците го намалуваат ризикот од дијабетес. Не само тоа, туку и го подобруваат варењето и го намалуваат нивото на инсулин.
Значи, слободно навалете на пастата, но само ако потоа одите на кратка прошетка!