Еден начин да ја направите вашата кожа да изгледа помлада и поздрава е со јапонската маска
Оризот содржи инозитол, состојка која го стимулира протокот на крв во кожата, што го забавува стареењето и го подобрува целокупното здравје на кожата.
Оризот е богат со витамин Б.
Витамините Б имаат многу корисни својства за ноктите, косата и кожата, бидејќи ја поттикнуваат регенерацијата на клетките на кожата, што придонесува за помека, поцврста и поотпорна кожа, без флеки и брчки.
Оризот има моќен ефект против брчките
Инозитолот, состојка во оризот, исто така има способност да го подмладува лицето со намалување на брчките и стимулирање на протокот на крв во кожата.
Јапонска маска за подмладување на лице:
- 3 лажици органски кафеав ориз
- 1/2 лажица дестилирана вода
- 2 лажици зрело авокадо
- 1/2 лажица мед
Подготовка:
Почнете да го варите оризот. Користете мала количина ориз за секогаш да користите свежо варен и погрижете се маската да е свежа кога се нанесува на лицето. Варете го оризот додека не омекне, а потоа исцедете го и чувајте ја течноста во друг сад. Во зрната ориз додадете авокадо и мед и со лажица направете хомогена смеса.
Нанесете ја смесата на лицето и држете ја 15-20 минути. После тоа исчистете го со памук и измијте го лицето со оризова вода.Тоа ќе ги отстрани нечистотиите и малите флеки. Оваа маска е многу поевтина и подостапна од кој било друг производ за нега на кожа. Користете ја оваа маска двапати неделно, а резултатите ќе ве воодушеват!