Иако „накачила“ неколку килограми, мораме да признаеме дека насмеаната Рија сепак изгледа волшебно и очигледно ужива во животот.
Многумина ја сметаа за една од најубавите природни жени во доцните 1990-ти и раните 2000-ти. Иако имаше завидна кариера, таа реши да се пензионира и да се посвети на семејството.
Ги красеше насловните страници на Ел, Вог, Мери Клер, шеташе по модните писти на речиси сите луксузни брендови и беше ангел на Викторија. Поранешната манекенка Рија Дурам и сопруга на актерот Марк Волберг, сега живее далеку од модната писта и се посвети на мајчинството и семејниот живот – одгледувајќи четири деца.
Рија неодамна беше фотографирана на одмор на Барбадос со децата, додека се шета на плажа во дводелен костим за капење. Иако „накачила“ неколку килограми, мораме да признаеме дека насмеаната Рија сепак изгледа волшебно и очигледно ужива во животот.
Да се потсетиме, Рија и Волберг се заедно две децении и важат за еден од најхармоничните парови во светот на шоу-бизнисот и практично се неразделни: „Многу ѝ должам на мојата сопруга. Таа ми помогна да станам човекот каков што сум денес и создаде убав живот за мене и за нашите деца. Исто така знам дека таа ме сака таков каков што сум и дека можам да и верувам. Додека не ја запознав, не сакав брак“, изјави еднаш Волберг.