Серијата „The Addams Family“ ги освои срцата на милиони луѓе ширум светот кога почна да се емитува во 60-тите, а беше многу популарна и кај нас.
Еден од најпрепознатливите ликови во оваа серија секако е Morticia, фаталната сопруга на Гомез. Иако актерките се менуваа во текот на 10-те години од снимањето на серијата, највпечатлива беше Анџелика Хјустон.
Таа ја играше убавата Morticia во периодот од 1991 до 1993 година, па на помладата публика и е единствената позната мајка на Wednesday и Pugsley.
Сега на социјалните мрежи се појави фотографија од Анџелика додека била бебе, а нејзината мајка ја држи во раце.
Сите беа воодушевени од неверојатната сличност помеѓу мајката и ќерката, која е буквално толку зачудувачка што луѓето мораат да ги „тријат очите“ за да се уверат дека добро гледаат.