Постојат неколку едноставни начини како да го направите ова
Во зима најважно е брзо загревање на просториите во кои поминуваме време. И оние кои остануваат топли подолго. Постојат неколку едноставни начини како да го направите ова.
Тие не бараат многу труд и што е најважно – евтини се.
Алуминиумска фолија
За да не ја изгубите топлината од радијаторот, на неговиот заден дел ставете алуминиумска фолија. Тоа ќе го спречи спојувањето на топлината со студениот надворешен ѕид и ќе го пренасочи топлиот воздух кон центарот на просторијата.
Утринска светлина
Отворете ги завесите наутро и пуштете ја утринската светлина што е „заробена“ во прозорците.
Завеси
Пред спиење, затворете ги завесите низ куќата. Повеќето луѓе го намалуваат греењето навечер, а затворените завеси ќе спречат топлиот воздух да излезе низ прозорците. Направете ги завесите што ги користите во зима што е можно подебели. Ова ќе ја задржи топлината подолго.
Покријте ги ѕидовите
Покривањето на ѕидовите со фотографии, огледала и слики ќе спречи загуба на топлина. Дури и подебел постер може да додаде слој на изолација, со тоа што ќе ја зголеми температурата во домот и на тој начин ќе спречи студените ѕидови да го апсорбираат топол воздух.
Мебел
Чувајте го мебелот подалеку од ладни ѕидови и ставете го во близина на извори на топлина. Она што треба да направите е да го оддалечите колку што е можно повеќе од радијаторот, за да не го блокирате протокот на топол воздух. Ако не ви се допаѓа, добрата работа за овој распоред е што е привремен.
Теписи
Освен што се убав декоративен момент, теписите и килимите можат да спречат таложење на ладен воздух во просторијата. Ако немате добра изолација на подот, дури 10 проценти од топлиот воздух може да се апсорбира во студените подови. Теписите се одлични изолатори и ќе ја задржат топлината во вашите стапала.
Соби што не ги користите
Не ги загревајте ходниците и просториите што не ги користите. Исклучете го греењето во нив и затворете ја вратата за да спречите непотребно губење на топлина.
Не блокирајте радијатори со завеси и мебел. Ако ги сушите алиштата на радијатор, практично го прекинувате греењето.