Потребната количина на шминка е навистина минимална, па овие трикови се корисни за дамите кои не се љубители на шминката
Тајната на вечната младост лежи во начинот на живот. Потребно е да внесувате доволно количество течности, да имате квалитетен сон и да се грижите за исхраната.
Покрај тоа, треба да се грижите за вашето ментално здравје и да бидете помалку изложени на стрес.
Доколку пропуштите нешто од горенаведеното, можете лесно да го поправите изгледот со помош на малку шминка.
Веќе имате се што ви треба, па овие мали трикови не бараат голема инвестиција.
Количината на шминка која ви е потребна е навистина минимална, па триковите се погодни и за дамите кои не се големи љубители на шминката.
Трик за намалување на брчките
Една необична техника може да направи брчките практично да исчезнат.
На збрчканото место со четка нанесете пудра во прав која ќе ги пополни брчките. Дури потоа ставете течна пудра на лицето.
Кожата ќе изгледа помазно и помладо, а брчките ќе бидат едвај забележливи.
Трик за поголеми усни
Кога ќе измешате две нијанси на иста боја на кармин, ќе создадете илузија на поголеми и пополни усни.
Се што треба да направите е да земете една посветла и една потемна нијанса на кармин од иста палета на бои. Со четка исцртајте ги усните во потемна боја, а остатокот пополнете го со посветла.
Оваа техника се нарекува и „омбре“ усни.
Трик за подочници
Честа грешка која жените ја прават при шминкањето е ставање коректор во форма на полумесечина, директно на подочниците. Ова, всушност, уште повеќе ги истакнува.
Сепак, нанесувањето коректор во форма на триаголник, веднаш ги покрива. Треба да „нацртате“ долг триаголник со течен коректор, кој со шилецот ќе биде свртен кон усните.
Потоа пополнете ја празнината. Добро изблендирајте и темните кругови ќе исчезнат.
Трик за „подигнување“ на капаците
Држејќи рачка од лажица на надворешниот агол на окото, под агол од 45 степени, исцртајте линија со течен ајлајнер.
Потоа превртете ја лажицата и повлечете линија нанадвор, поврзувајќи ги двете линии, а потоа пополнете ја празнината со креон.