Актерката Џенифер Анистон ја доби наградата што ја доделува американскиот магазин The Hollywood Reporter.
Џенифер има кариера од над 30 години, а секогаш се нагласува колку актерката не се променила од самиот почеток. Во текот на 90-тите редовно носеше мали црни фустани, а сè уште често ги избира за црвениот тепих.
Анистон сега излезе на сцената во црн комбинезон со широки ногавици и без ракави, додека половината ја истакна со потесен, исто така црн појас. Актерката и овој пат имаше права коса, по која е позната со децении. Во деведесеттите, нејзината коса го доби името Рејчел, по името на ликот, а магазинот „Ролинг Стоун“ ја прогласи за прва фризура на Америка.
За време на поздравниот говор Џенифер истакна една интересна работа, таа му оддаде почит на своето скромно „19-годишно јас“ и времето кога работела како келнерка меѓу аудициите.