Тешко дека ќе го тргнете погледот од длабокото деколте на Џеј Ло
Откако ја обновија романсата, Џенифер Лопез и Бен Афлек постојано се во центарот на вниманието.
Сега заедно се појавија на црвениот тепих во Лос Анџелес, а повод беше новиот филм на Бен „The Tender Bar“.
Повторно вљубени двајцата блеснаа, цело време нежно се гледаа и се бакнуваа.
Сепак, на крајот сите погледи беа вперени во Џенифер, која се појави во нежно сина креација.
Ниту нејзиното длабоко деколте не остана незабележано, а луѓето најмногу коментираат дека „изгледала како од бајка“, и дека тотално го „украла шоуто“.