Џенифер Лопез овој пат без Бен.
Пејачката и актерка Џенифер Лопез е една од најозборуваните жени оваа година. За тоа во голема мера придонесе нејзиното помирување со актерот Бен Афлек. Парот се труди секој момент да го помине заедно, па Џенифер ретко ја гледаме сама. Сепак, таа неодамна беше фотографирана како купува облека со децата.
Џенифер можеме да ја видиме во сосема опуштено издание, во какво што сите одат во потрага по нови работи.
Пејачката облечена во светли, широки фармерки и гломазен џемпер во беж боја, додека косата едноставно ја собра во залижано репче.
На Џенифер цело време и приоѓале обожаватели, а таа весело се согласувала да се фотографира со сите.