Џорџина и Роналдо објавија нова фотографија, а сите зумираат еден детал

popara17 ноември, 20211min00
kristijano-ronaldo-georgina-rodrigez-830x0

Поубавата половина на Роналдо повторно го привлече вниманието на следбениците со својот стајлинг

Фудбалерот Кристијано Роналдо на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позира со својата свршеница Џорџина во приватен авион.

– Колку и да патуваме низ светот, во Португалија секогаш се чувствуваме како дома. Фантастично време, прекрасна храна и Португалци… Секогаш со нетрпение чекаме да дојдеме во нашата земја. Сега е време да се вратиме во Манчестер и да се сконцентрираме на нашите цели, но гледаме дека наскоро ќе бидеме заедно – напиша Роналдо покрај фотографијата која собра речиси шест милиони лајкови.

Џорџина позираше во крзнена јакна, а вниманието го украде лакирана чанта Биркин чија вредност се движи од 5 000 евра па нагоре.

Хермес Биркин е најлегендарната чанта на сите времиња, до која и најбогатите тешко можат да стигнат. Некои од најевтините модели чинат над 5 000 евра.

Пред неколку години, во аукциската куќа Кристи во Хонг Конг, ваква чанта беше продадена за неверојатни 380.000 долари, што ја прави најскапата чанта на светот.

Чантата Биркин го добила името по актерката и пејачка Џејн Биркин, а создадена е во 1981 година.

На Џорџина ова не и е единствената Хермес Биркин чанта што ја поседува (ги има најмалку шест), а со таква чанта можеше да се види и Роналдо.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma