Џорџ Клуни одбил 35 милиони долари за ЕДЕН ден снимање: „Сфатив дека не ми се ИСПЛАТИ“

popara4 декември, 20211min00
dzordz (1)

Оскаровецот изненади со приказната за понудата која (не) се одбива

Актерот Џорџ Клуни изјави дека еднаш му биле понудени 35 милиони долари за еден ден работа, но тој ја одбил понудата откако заклучил дека не вреди.

Оскаровецот и продуцент раскажа анегдота откако новинар го прашал за време на интервјуто за Гардијан дали некогаш помислил дека има доволно пари.

– Па, да. Ми нудеа 35 милиони долари за еднодневна работа за снимање на реклама на авиокомпанија – рече тој и додаде дека се консултирал со Амал, неговата сопруга и дека одлучиле дека не се исплати. Авиокомпанијата се поврзувала со, како што вели, „земја која иако е сојузник, понекогаш е дискутабилна“.

– Си помислив: „Па, ако ми одзима минута сон, не се исплати“ – изјавил оскаровецот.

Покрај неговата повеќедецениска кариера во Холивуд, Клуни има и големо деловно портфолио, заработувајќи над 40 милиони долари за рекламна работа со една швајцарска компанија. Неговата компанија за текила Касамигос беше продадена пред четири години за 1 милијарда долари, објави претходно Инсајдер.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma