Воодушеви многумина со својот изглед
Холивудската актерка Џулија Робертс е фотографирана за време на нејзиниот одмор во Австралија, а многумина коментираат дека изгледа одлично.
Јулија се прослави во осумдесетите години на минатиот век, а улогите во филмовите „Убава жена“, „Невеста бегалка“ и „Ерин Броковиќ“ ја направија ѕвезда.
Сега во потполно опуштено издание е фотографирана како ужива на одмор каде отишла со сопругот и децата.
Актерката била без шминка, но и без обезбедување, без кое многу јавни личности никаде не одат.
За природната убавина доби само пофалби, но и за приземјеноста, бидејќи се однесува како „останатиот нормален свет“.