Сексот никогаш не треба да биде табу тема. Има разлика помеѓу добриот и лошиот секс, што е секси во сексот, зошто солзите понекогаш се ок за време на сексот и многу прашања за првиот секс, ќе се обидеме да одговориме…
- Секс со пријател
Можно е одвреме-навреме да спиете со пријател, а тоа да не се претвори во голема работа. Пријателскиот секс не е лесно да се постигне, но може да функционира за некои луѓе.
- Сексот не е секогаш секси
Понекогаш е тажен, понекогаш лут, а понекогаш непријатен. Сексот може да биде секаков, а „жешкиот порно секс“ е само една од работите што се случуваат меѓу двајца луѓе.
Неуредниот секс често е поинтересен од таканаречениот жежок секс. Лесно е да се имитира она што сте го виделе на телевизија. Вистинскиот предизвик доаѓа кога сексот ќе го направите личен и единствен за поединецот.
- Секс и солзи
Понекогаш ќе се чувствувате преплавени со емоции и ќе сакате да плачете за време на сексот. И тоа е во ред. Не сте луди. Сите сме биле таму.
- Лошиот секс се случува и остава трауми
Постојат одредени сексуални искуства кои оставаат гаден белег и, во повеќето случаи, белегот не исчезнува додека не спиете со некој друг. Најдобар лек за лошото сексуално искуство е добро искуство.
- Голотијата разоткрива се
Луѓето не се секогаш поинтересни кога ќе се соблечат. Не стануваат магично поубави. Понекогаш мажот е всушност најлошата верзија од себе кога е гол.
- Потенцијалните партнери се насекаде околу вас
Повеќе луѓе би сакале да имаат секс со вас отколку што мислите. Ако некогаш се двоумите, обидете се да замислите колку од нив би сакале да ве видат гола.
- Без долги паузи
Иако можеби е добро да се одморите од сексот, не дозволувајте да биде предолго. Во спротивно, ризикувате да бидете оправдано преплашени од него. Помислата да доживеете таков вид на интимност со некого е, одеднаш, тотално морничава и не можете да сфатите како некогаш сте успеале да го направите тоа. И така шест месеци целибат брзо може да се претворат во две години, пренесува 24sata.hr.
- Сексот управува со вашите одлуки
Сексот е причината поради која се возите со такси до станот на некој човек во 4 часот наутро. Сексот е причината зошто сте ги купиле тие тесни пандалони. Сексот е причината поради која наместо хамбургер нарачавте салата. Сексот е причината зошто сè уште излегувате со момче за кое сте свесни дека никогаш нема да го сакате, но сексот е толку добар.
Гледате шема? Во тоа се крие разликата помеѓу сексот и љубовта, пишува Thought Catalog. Сексот „извлекува“ работи кои одамна требало да бидат мртви. Љубовта, од друга страна, сето тоа брзо го убива и оживува нови искуства.
- Добриот секс не значи дека сакате да излезете во јавност со некого
Можно е да имате многу добар секс со некого, да го сакате тој однос, да се согласувате со него во повеќето ставови, но сепак никогаш да не сакате да ве гледаат заедно во јавност.
- Првиот секс
Личноста со која сте ја изгубиле невиноста нема секогаш нешто да ви значи. И тоа е во ред. Тие навистина не треба да бидат важни. Нивната единствена работа е да го направат тоа за прв пат.