13 години не почувствувала ТАКВА СРЕЌА: Таткото на Бритни Спирс веќе не е нејзин старател, пејачка во солзи од радост

popara30 септември, 20211min0
323916_britnispirszprofimedia0368397230_ff

Откако Џејми Спирс официјално престана да биде нејзин старател и личност која го има главниот збор за нејзиниот приватен живот, кариера и финансии, поп принцезата е пресреќна. Бритни Спирс е преплавена од емоции откако нејзиниот татко официјално беше отстранет од листата на нејзини старатели. Иако старателството над неа се уште постои, ова е голем чекор кон негово укинување.

„Бритни плачеше кога ја слушна одлуката на судијата“, рекол неименуван извор за „Page Six“. „Долго време мислеше дека нема да го дочека денот кога нејзиниот татко нема да има контрола над секој аспект од нејзиниот живот, но тоа конечно се случи. Таа е во шок, без зборови и буквално скока од радост. Не почувствувала таква радост веќе 13 години.“

Судијката на Врховниот суд во Лос Анџелес, Бренда Пени, оцени дека е во најдобар интерес на Бритни, Џејми Спирс да биде суспендиран од одлуката донесена во 2008 година.

Со неодамнешната изјава на пејачката пред судот, Бритни презентираше шокантни детали за тоа како татко и го контролира нејзиниот живот: дека не и било дозволено да ја извади спиралата и да роди уште едно дете, дека и бил даван лек од кој не била задоволна и ја зашеметувал, дека завршила во центар за рехабилитација откако се побунила против терапијата, дека не смеела да ги користи сопствените пари, телефон, пасош, дека била принудена да оди на турнеи…

По бурата што се појави во јавноста, Џејми Спирс објави дека одлучил да поднесе оставка од функцијата старател на Бритни, но се чекаше конечната одлука на судот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma