14 години од последниот концерт на Тоше Проески

popara5 октомври, 20212min0
tose

На 5 октомври во 2007 година на Градскиот стадион во Скопје во соработка со УСАИД се одржа најголемиот хуманитарен концерт на Тоше Проески.

Ова беше последниот концерт на Тоше кој само 11 дена подоцна загина во сообраќајна несреќа, која се случила на 16 октомври, на автопатот кај Нова Градишка (Хрватска).

Десетици илјади фанови на Тоше со него разменуваа неверојатна енергија и невидена љубов на тој величествен, неповторлив, легендарен концерт. Додека Тоше ги пееше најголемите хитови, публиката спонтано, со вклучување на мобилните телефони создаде „ѕвездено небо“, а Тоше не криејќи го воодушевувањето и емоциите викна од бината:

-Вклучете ги телефоните, повторно направете ѕвездено небо! Не можам да ви опишам како изгледа тоа одовде, од сцената. Ве молам сликајте, сакам слика од оваа убавина. Никогаш нека не се изгасне ѕвезденото небо! Ова не се опишува“, рече Тоше, посакувајќи таа волшебна слика да се повторува на секој следен концерт.

Во чест на македонскиот легендарен пејач Тоше Проески, Управниот одбор на Меѓународната фондација „Тоше Проески“ – Крушево, кон крајот на септември 2009 година, одлучил хуманитарен меѓународен концерт под наслов „Те сакаме сите Тоше“ традиционално да се одржува на денот на неговиот роденден, 25 јануари.

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma