Според астролошките анализи, овие два хороскопски знака се најподготвени да „одат до крај“ со некој што штотуку го запознале, доколку сметаат дека „хемијата“ е силна, а еден знак на Зодијакот секогаш ќе претпочита да чека.
Повеќе од 15 проценти од Водолиите велат дека нивниот прв состанок обично завршува со секс, затоа што сакаат да знаат дали тој аспект на врската е валиден и дали има смисла да се гледаат и понатаму, покажува истражувањето на една страница за запознавање преку Интернет.
Покрај тоа, припадниците на овој хороскопски знак сакаат да проверат дали постои сексуална хемија и не гледаат ништо лошо во раното стапување во одоси, каде што првенствено се потпираат на својот инстинкт. Тие ќе го направат ова првенствено ако некој навистина им се допаѓа, што може да биде често кај нив.
Вториот хороскопски знак кој е подготвен да „оди до крај“ на првата средба се Рибите, а 11 проценти од припадниците на овој знак признаа дека тоа е нивна практика.
Најмалку шанси за секс на првиот состанок даваат Вагите, кои сметаат дека таквото однесување е бесмислено, тие сакаат игри на заведување и исчекување, и за нив е важно да добијат чувство на почит и вистински увид во личноста.
Покрај тоа, ова истражување покажа дека најмалку 37 проценти од луѓето се „водени“ од хороскот, барем во љубовните работи, а 20 проценти од нив велат дека не би му дале шанса на потенцијалниот партнер доколку нивните астролошки аспекти не си одговараат.