Овие правила се толку едноставни што сите можеме да ги примениме – и тоа веднаш!
Многумина се уште се восхитуваат на совршената убавина и стил што ги негуваше една од најубавите жени на сите времиња, Одри Хепберн. Целиот свет се восхитуваше на нејзиниот шарм, и до ден денес таа остана синоним за убавина и елеганција.
Синот на легендарната актерка, Лука Доти, во книгата наречена „Audrey at home“ која и ја посвети на својата мајка, во која ги откри деталите од нејзиниот секојдневен живот, сподели со јавноста некои од нејзините основни трикови и правила за блескава убавина, но и среќен живот.
Овие правила се толку едноставни што сите можеме да ги примениме – и тоа веднаш!
1. Пијте многу вода и јадете зеленчук
– Таа инсистираше и не научи да пиеме што е можно повеќе вода и да јадеме што е можно повеќе зеленчук. Не го избегнуваше месото, но нејзиното мени се состоеше од 80 проценти овошје и зеленчук. Компирите беа нејзина задолжителна храна и главна состојка на секоја диета – откри Лука во книгата.
– Еднаш месечно, мајка ми секогаш имаше ден за детоксикација, најчесто после патување, бидејќи во спротивно имате периоди на гадење кога не ви се јаде ништо … Во тој период, таа не јадеше само овошје, туку и зеленчук со многу на течности.
2. Не плашете се од годините, туку уживајте во нив
– Се разбира, од време на време се жалеше на брчките или седите влакна, но навистина уживаше во секој момент и година. Уживаше во својата старост – открива синот на позната актерка.
– Живееше ден по ден и не се плашеше од стареење, прифаќаше се во животот со позитивен став, со нетрпение го чекаше секој нов ден. Дури и кога се разболе и го поминуваше поголемиот дел од денот во кревет, таа велеше: Ах, кога ќе се опоравам, мора да скокнеме до Австралија. Таму е преубаво.
3. Радувајте се на ситниците
– Секој пат кога откриваше нешто ново, одеше до маркет, наоѓаше нов рецепт … Таа беше среќна како мало девојче поради тоа. Не само што имаше прекрасна и позитивна надворешност, туку и ведар и уникатен дух – објасни Лука во интервјуто.