3 ЕФИКАСНИ НАЧИНИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПОДОЧНИЦИТЕ: Ова треба секоја жена да го знае!

popara13 септември, 20211min0
221111_shutterstock-719158165_ls

Скоро секоја втора жена е измачувана од постојаните подочници. Ако припаѓате на оваа група, многу добро знаете колку е тешко да ги сокриете, па затоа направивме мало истражување и откривме 3, според експертите, најефикасните начини за елиминирање на овие упорни кругови под очите.

Еве за што станува збор:

  1. Ружина вода

Ружината вода ја навлажнува и ја храни кожата, го ублажува отокот, црвенилото и чешањето. Има избелувачки и подмладувачки ефект. Можете лесно да ја купите или да ја направите сами дома од свежи ливчиња од роза и чаша топла вода (измијте ги ливчињата од роза и ставете ги во сад и истурете чаша топла вода. Оставете да се излади и исцедете во дезинфицирана чинија. Чувајте вода од роза во фрижидер, но не подолго од седум дена). Користете со навлажнување на две памукчиња, ставете ги на очните капаци и држете околу 15 минути. Повторете го ова секое утро и секоја вечер.

  1. Сок од компир

Компирот е одличен извор на витамин Ц и одредена состојка која ја избелува кожата. Подготовка: Изрендајте сурови компири и исцедете го сокот. Потоа навлажнете ги памукчињата со оваа течност, ставете ги на очите и држете ги десет минути. Исплакнете го лицето и масирајте малку маслиново масло под очите. Третманот трае две недели и се прави секој ден.

  1. Маска од млеко и леб

Млекото ја навлажнува и ја избелува кожата, а лебот содржи квасец кој е богат со витамин Б – ја смирува кожата и го неутрализира осипот. Подготовка: Направете мешавина од бел леб и млеко, не премногу густа. Ставете ја маската на критичните места и држете ја 10 до 15 минути. Ако го правите ова редовно, темните кругови брзо ќе исчезнат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma