Луѓето често користат медицински лекови како би ја ублажиле болката, но постојат многу природни лекови против главоболка кои би можеле да ве излечат брзо и едноставно…
Ѓумбир
Ѓумбирот може да ви помогне во намалување на воспалението на крвните садови во главата, што овозможува олеснување од главоболка. Парчиња ѓумбир додајте во зовриена вода и гответе уште 5 минути. По желба можете да додадете мед или млеко и консумирајте два пати дневно.
Чај од мента
Ментата има антисептички својства кои се многу делотворни во ублажувањето на главоболка. Оние кои патат од главоболка можат да стават облога од чај од мента на чело за ублажување на болките.
Цимет
Циметот може да излечи главоболка поврзана со настинка. Измешајте цимет со вода и направете густа смеса. Нанесете од пастата на чело и оставете ја неколку минути.