Вежбањето треба да биде дел од нашата секојдневна рутина. Вежбањето е добро за нашето физичко и ментално здравје. Но, она што е можеби најважно е вежбите да се изведат на вистински начин, бидејќи во спротивно може да настанат повреди …
Секој почеток е тежок и никој не очекува од вас да знаете се за опремата и вежбањето кога прв пат ќе влезете во салата. И професионалците со извајано тело порано биле на твое место. Затоа, само бидете храбри, и ви носиме листа на најчестите грешки на почетниците во вежбањето, особено оние поврзани со неправилно изведување.
1. Не се гледајте додека вежбате
Можеби најголемата грешка при вежбањето е да се гледате во огледало. Треба да бидете целосно фокусирани на вежбите и мускулите за да ја изведете вежбата на вистински начин.
2. Не кревајте претешки килажи
Не ставајте премногу тежина, бидејќи тогаш најверојатно нема да ја направите вежбата на вистински начин. Важно е прво да работите на вашата форма, а потоа постепено да воведувате потешки тежини и потешки вежби.
3. Не туркајте ги колковите напред
Додека правите чучнувања, не е неопходно да ги туркате колковите напред, бидејќи на тој начин ризикувате да го повредите грбот. Важно е да го притиснете глутеусот и да ги заклучите колковите со минимално движење.