Решенијата се едноставни и многу достапни
Колку пати сте купиле месо кое, како што се вели во жаргонот, е „жилаво“ и кое и по термичка обработка, колку и да сте го печеле или вареле, не сте успеале да го „омекнете“?
Постојат три многу едноставни трикови за тоа како месото што го готвите да го направите секогаш сочно и меко по готвењето и печењето.
- Сода бикарбона
Корисните својства на сода бикарбоната во готвењето се познати надалеку, но ако досега не сте знаеле, помага и за омекнување на месото.
Се што треба да направите е да ја истриете површината на месото со сода бикарбона, што ќе ја подигне pH вредноста и ќе спречи стврднување на протеините при термичка обработка.
- Морска сол
Овој начин на омекнување на месото е познат со векови. Месото тријте го со крупна, морска сол еден час пред да го ставите да се пече и оставете го на собна температура. Солта ќе ја задржи водата во месото и нема да дозволи да се исуши за време на готвењето.
Отстранете го вишокот сол пред да го ставите месото во рерна или тава.
- Маринада со киселина
Направете маринада од маслиново масло и оцет или лимон и маринирајте го месото во неа максимум 30 минути пред да го печете или готвите. Киселината ќе ги „нападне“ врските помеѓу протеинските нишки и ќе го направи месото меко. Молекулите на водата ќе бидат зачувани, а месото ќе биде меко и сочно.
Маринирањето на ваков начин никогаш не треба да трае повеќе од половина час, бидејќи ќе добиете контра-ефект.