Снимањето е во тек, а ние од ден на ден ја следиме атмосферата, локациите и секако – модните комбинации.
Се уште не знаеме кога ќе почне да се прикажува долгоочекуваното продолжение на култната серија „Сексот и градот“, но се почестите фотографии од снимањето се доказ дека се ближи крајот на снимањето.
Среќни сме со фактот што сите актери го потврдија своето враќање, освен Ким Катрал, на која продуцентите и рекоа дека може да се премисли во секој момент и да се врати кај своето старо семејство. Ким вели дека завршила со ликот на Саманта Џонс, но јасно е дека има и други причини.
Се прашувавме како сценаристите ја замислиле Кери Бредшо во нејзината шеста деценија од животот и сега ни е јасно дека таа се уште е фантастична, неверојатно креативна и шик.
Последните четири комбинации се жив доказ за тоа.