Ниту мажите, ниту жените не се лишени од ова чувство, па затоа е важно да се види навреме, за да се спречи појавата на патолошка љубомора во врската.
Секоја емотивна врска на почетокот изгледа дека ќе трае вечно. Заљубувањето не прави „слепи“ за некои маани на партнерот и се убедуваме себеси дека не е се како што изгледа.
Сепак, не треба да се изгуби од вид дека некои од особините кои ги забележуваме на почетокот на врската по некое време можат да се манифестираат уште поочигледно и во „потешка форма“.
Една од нив, која е закана за секоја здрава врска, е љубомората, а психолозите и експертите за врски тврдат дека нејзините знаци од самиот почеток се гледаат по однесувањето на партнерот.
Ниту мажите, ниту жените не се лишени од тоа чувство, па затоа е важно да се види навреме, за да се спречи појавата на патолошка љубомора во врската.
Имајте на ум дека љубомората е одраз на несигурност и дека често е проблем со оние кои и сами се подготвени да изневерат.
- Ако постојано се обидува да види што и кому пишувате
Ако вашиот партнер постојано има потреба да знае на кого и што пишувате додека го држите телефонот, тогаш тоа е сериозен знак дека е љубоморен.
Тоа на почетокот на врската може да биде дури и симпатично, но со текот на времето станува напорно и многу често непријатно.
- Го испитува вашето однесување до најмалите детали
Има тенденција да ве „преслушува“ со кого сте биле, што сте правеле, каде сте го поминале времето. На вашиот партнер или партнерка му пречат пријателите од спротивниот пол.
- Го негира љубоморното однесување
Кога на шега ќе му кажете дека е љубоморен, тој одбива да прифати и се лути на тие констатации. Или, ако разбира што му кажувате и се обиде да го контролира непријатното чувство, многу кратко му успева.
- Ве убедува дека не ви требаат профили на социјалните мрежи
Ви нуди да се согласите да ги деактивирате профилите на мрежите доколку ги имате. Ве убедува дека е непотребно за луѓето кои се среќно заљубени.
- Измислува ситуации кои не се случиле
Кога некој ќе помине покрај вас на улица кога партнерот го доживува како згоден, ве убедува дека ве видел како се вртите кон таа личност или дека сте ја гледале со интерес, а можеби вие воопшто не сте ја забележале.