На либидото на жената во голема мера влијае зачестеноста на сексот
Себичноста во кревет е она на што жените најмногу им замеруваат на своите љубовници. Бидејќи предиграта им е многу важна на повеќето жени, предложете вечер посветена исклучиво на неа.
- Водете љубов што почесто
На либидото на жените многу влијае зачестеноста на сексот. Значи, правилото е дека колку повеќе секс има, толку повеќе ќе го сака, а на подолги периоди без него жените подобро се прилагодуваат од мажите. Она што мажите го прават погрешно е што ги принудуваат на секс во форма на очекување или повикување на „должност“. Применете ја обратната психологија – и таа ќе ви пријде многу брзо.
- Бидете романтични
Како и кај посилниот пол, жените во вистинско расположение за секс ќе вложат мала доза на труд на спротивната страна. Изненадете ја и по напорниот работен ден дочекајте ја со романтична вечера, со која можете да и спомнете колку го цените она што таа вообичаено го прави за вас. Жените сакаат да биде забележано тоа што го прават, а фактот што нејзиниот партнер е свесен за нејзината вредност е многу привлечен.
- Кажете и дека е убава
Не ја занемарувајте вредноста на добриот и искрен комплимент. Во раните утрински часови, шепнете и колку е убава, откако ќе излезе од туш, искоментирајте со воодушевување колку е секси, а во ситуација кога ќе се „среди“ истакнете дека и понатаму е најубава жена во собата/на свадбата/во светот. Ќе делува како афродизијак.
- Предиграта е важна
Бидејќи предиграта во сексот им е исклучително важна на повеќето жени, предложете вечер што ќе биде целосно посветена на неа и ќе го разгалите нејзиното тело. Најдобро е тоа да го правите порано во текот на денот, за желбата да и расте.
- Не бидете предвидливи
Запаѓањето во рутина и предвидливоста во сексот се најчестите причини зошто задоволството се намалува и сексот се изретчува во долгите врски.