Луѓето имаат тенденција да веруваат во митови, особено кога станува збор за љубов. Иако им се чини дека многу „факти“ ги издаваат партнерите, во многу случаи се излажани. Емоциите се моќен двигател што инспирира и го буди најдоброто кај луѓето.
Љубовта е прекрасна работа, но постојат заблуди во кои треба да престанете да верувате доколку сакате здрава емоционална врска.
1. „Мојата љубов ќе го промени“
Можно е партнерот да се промени, но таа промена нема да трае подолго од две недели, бидејќи наскоро ќе продолжи како и досега.
Најдобро би било да го прифатите онаков каков што навистина е, и доколку сте премногу изнервирани од неговите маани, време е за сериозен разговор.
2. Дали се привлекуваат спротивностите? Или не?!
Студија спроведена од психолози на Универзитетот во Гронинген во Холандија, покажа дека верувањето дека спротивностите се привлекуваат е всушност мит. Речиси и да нема долгорочни врски во кои партнерите имаат сосема различни карактеристики.
- За долгорочна врска потребно е да има слични појдовни точки и погледи на светот, а спротивностите можат да бидат интересни и привлечни само на краток рок – вели психологот Вејн Андерсон.
3. Мажите не можат да бидат верни
Постои воспоставено правило дека ако изневери еднаш, повторно ќе изневерува. Истражувањата докажаа дека мажите се повеќе склони кон изневерување, но тоа не значи дека ќе изневеруваат кога ќе ја најдат сродната душа.
Кога мажот навистина сака жена, тој никогаш нема да го стори тоа, бидејќи пред се ја цени и почитува својата прекрасна половина.
4. Децата можат да го зајакнат бракот
Паровите кои работат многу, и затоа ретко се гледаат, ќе имаат уште помалку време кога нивните деца ќе влезат во нивниот живот. Енергијата што треба да ја дадете на вашите деца може да биде толку исцрпувачка што на крајот нема да ви остане сила за физичка и ментална комуникација на брачниот другар. Ако сакате да го зачувате бракот, ќе мора подеднакво да се посветите на партнерот и децата.
Ќе биде корисно за секого. Вашиот партнер ќе знае дека сеуште го сакате, а децата ќе живеат во хармонично и стабилно семејство.
5. Нагласувањето на недостатоците на партнерот доведува до промени
Вистината е дека истакнувањето на недостатоците води до тоа партнерот помалку да сака да се промени. Дури и ако некое лице има желба за промена, тоа е помалку веројатно во ситуација кога партнерот покажува прст кон неа.