Згодна, шармантна, убава, професионална се само дел од епитетите кои се препишуваат на македонската водителка Марјана Станојковска.
Марјана со години го води „Лото“, а за неа често знае да се каже дека изгледа подобро и од „7ица на Лото“.
Меѓутоа, таа има и еден куп други ангажмани. Така, често може да ја видиме како водителка на настани, фестивали, промоции.
Освен тоа, исто така е активна на социјалните мрежи каде рекламира производи, костими за капење, разни продукти од разни брендови.
Како водителка ја знаете одлично, но како пејачка? Знаете ли како пее Марјана Станојковска?
Овојпат, водителката се фати за микрофонот, но не само за да води фестивал, туку и за запее и тоа со Владо Калембер.
Станојковска на својот „Инстаграм“ објави видео од Фест -Охридски Трубадури 2021 каде заедно со Владо ја отпеја песната „ Ciao Amore“. Голема чест ми беше што на интернационалната вечер од Охрид Фест -Охридски Трубадури 2021-ва имав можност заедно со нашиот специјален гостин Владо Калембер да го изведеме негов познат хит од 1984 “Ciao Amore” инаку дует со Изолда Баруџија кој премиерно беше изведен во Универзалната Сала во Скопје во рамките на тогашната Југовизија, а како победничка нумера за таа година подоцна и претставник на Југославија на Евросонг во Луксембург.
Како ви се допаѓа како пее водителката?
Преземено од vistina.com.mk