Нарушена здравствената состојба на пејачката: Селин Дион се огласи на социјалните мрежи и објасни што ѝ се случува

popara21 октомври, 20211min0
288825_profimedia0502839654_ff

Планетарно популарната пејачка Селин Дион на својот Твитер профил објави дека поради нејзината болест, мора да ја одложи турнејата што ја закажала.

Како што изјави, има болки во мускулите и тоа ја спречува да вежба пред турнејата.

– Моето срце е скршено поради ова. Јас и мојот тим сме на турнеја во последните осум месеци, а тоа што не можам да почнам со концерти во ноември ме растажува. Сега морам да се фокусирам на закрепнувањето, сакам да поминам низ ова најдобро што можам – напиша таа на пејачката.

Ова е трет пат како таа ја одложува турнејата бидејќи тоа го правеше претходните два пати поради коронавирусот.

Да потсетиме дека пејачката ја сака модата и дека и е многу важно како изгледа на сцената:

– Модата ја сметам за уметничка форма, и таа е многу важен дел од мојата работа, особено додека сум на сцена. Облеката може да направи да се чувствувате силно, романтично или овластено, во зависност од песната што ја изведувате – истакнува Селин.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma