Ако сте љубител на вино, знајте дека има разлика дали преферирате црно или бело. Таа разлика се гледа во вашиот карактер!
Дали сакате вино?
Во зависност од тоа дали преферирате бело или црно, знајте дека тоа зборува и за вашата личност!
Една студија на компанијата „Коравин“ ги испита преференциите за вино на околу 2.000 испитаници. Резултатите покажаа дека луѓето кои претпочитаат бело или црвено вино значително се разликуваат по карактерот.
Погледнете и како…
Црвено вино
Љубителите на црвено вино се интровертни.
Сепак, тие не се нималку мирни, туку родени авантуристи, а за уживање сакаат да потрошат и некој денари повеќе. Најмногу сакаат да пијат вино во нивните 4 sида…
Доброто е што црвеното вино има најмалку 10 придобивки за вашето здравје, па умереното уживање во него е добра работа!
Бело вино
Ако, сепак, припаѓате на оние кои повеќе би сакале да испијат чаша бело вино, тоа покажува дека сте екстровертни. Сакате да се дружите, да излегувате, често сте ноќни птици, сакате да имате причина за славење. Не сте толку пребирливи, би пиеле и помалку квалитетно вино, но од друга страна, често сте перфекционисти и љубопитни.
Во која група се пронајдовте?