НАУЧНИЦИ ОТКРИВААТ: Кој има најголеми шанси да преживее, а кој најверојатно ќе УМРЕ ОД КОВИД! Еден детал е ОСОБЕНО ВАЖЕН

22 октомври, 2021
Screenshot_1

Луѓето вакцинирани против Ковид-19 веројатно нема да умрат од болеста освен ако не се многу стари или веќе сериозно болни пред инфекцијата, покажуваат резултатите од студијата спроведена во Италија.

Студија на Националниот институт за здравство (ISS), како дел од редовниот извештај на ISS за смртни случаи од Ковид-19, покажува дека просечната возраст на оние што починале и покрај вакцинирањето е 85 години. Во просек имале пет постоечки болести, пренесува Ројтерс.

Просечната возраст на невакцинирани смртни случаи беше 78 години, со четири претходно постоечки состојби.

Меѓу починатите кои биле вакцинирани, најмногу случаи имале проблеми со срцето, деменција и рак.

Анализата, спроведена од 1 февруари до 5 октомври оваа година, ги проучувала медицинските досиеја на 671 невакцинирани лица кои починале од Ковид-19 и 171 целосно вакцинирани лица. Во периодот на истражување, имаше 38.096 жртви на Ковид во Италија.

Меѓу нив имало 33.620 невакцинирани, 2.130 примиле само една доза или се заразиле непосредно по инокулацијата и пред создавањето на антитела, а 1.440 биле целосно вакцинирани.

Во октомври, Италија ја постигна целта за целосно вакцинирање на 80 отсто од населението над 12-годишна возраст, праг што владата го означи како значително ниво на безбедност против вирусот.

И покрај постигнувањето на целта, владата воведе задолжителни здравствени пропусници за коронавирусот за сите работници од 15 октомври.

Овој потег предизвика протести, повремено насилни во неколку градови, вклучувајќи го и главниот град Рим.