Кога ќе дојде време за прослави и родендени, најчесто се избираат торти кои ќе ги маѓепсаат гостите
СОСТОЈКИ:
Кора:
- 5 белки
- 10 лажици шеќер
- 5 лажици ореви
- 5 лажици мелена плазма
- 1/3 прашок за пециво
Испечете 3 вакви кори.
Фил 1:
- 15 жолчки
- 1 цело јајце
- 200гр шеќер во прав
Гответе на пареа
Фил 2:
- 1/2л млеко
- 5 супени лажици густин
- 5 лажици шеќер
ПОДГОТОВКА:
Изматете 1 ипол маргарин со 50гр шеќер во прав и додадете ги двата филови. Добро изматете го филот и потоа додадете 100 гр бело чоколадо, 150 гр сечкани ореви, 150 гр мелена плазма и 100 гр мелено темно чоколадо.
Потоа редете: кора, фил, кора, фил… сѐ додека не потрошите сѐ
Украсете ја тортата со 3 ќесички шлаг!