ВОЛШЕБНО ЗАДОВОЛСТВО Грчка торта, лесна, кремаста, божествено вкусна (РЕЦЕПТ)

22 октомври, 2021
Screenshot_2

Кога ќе дојде време за прослави и родендени, најчесто се избираат торти кои ќе ги маѓепсаат гостите

СОСТОЈКИ:

Кора:

  • 5 белки
  • 10 лажици шеќер
  • 5 лажици ореви
  • 5 лажици мелена плазма
  • 1/3 прашок за пециво

Испечете 3  вакви кори.

Фил 1:

  • 15 жолчки
  • 1 цело јајце
  • 200гр шеќер во прав

Гответе на пареа

Фил 2:

  • 1/2л млеко
  • 5 супени лажици густин
  • 5 лажици шеќер

ПОДГОТОВКА:

Изматете 1 ипол маргарин со 50гр шеќер во прав и додадете ги двата филови. Добро изматете го филот и потоа додадете 100 гр бело чоколадо, 150 гр сечкани ореви, 150 гр мелена плазма и 100 гр мелено темно чоколадо.

Потоа редете: кора, фил, кора, фил… сѐ додека не потрошите сѐ

Украсете ја тортата со 3 ќесички шлаг!