Имено, актерката со хрватска адреса на живеење славеше роденден. По тој повод, на нејзиниот профил на „Инстаграм“ осамнаа честитки со убави желби.
Од пансионот „Преспав“ и го честитаа роденденот така што објавија видео од нејзиинте грешки од снимањата на серијата.
„Среќен роденден Јелена и понатаму да ни го исполнуваш денот со многу пеење.“, пишува покрај објавата.
Во кусите приказни на „Инстаграм“ пристигнуваа и честитки од нејзините пријатели, следбеници.
Јованова не е од оние дами кои ги кријат годините, па така откри колку години наполнила.
Актерката роденденски позираше со нова фрузира, односно со пократја, права, испеглана коса која одлично и стои, а во описот на фотографијата откри колку години наполнила.
„37, ви благодарам“, напиша таа, а под постот се нижеа честитки од нејзините колеги, пријатели, следбеници.
Инаку, неодамна започнаа снимањата на шестатта сезона на серијата „Преспав“ која ќе започне да се емитува во декември.
За потсетување, во јуни претходната година, Јелена за првпат се реализираше во улогата на мајка. Јелена и нејзиниот сопруг, хрватскиот актер, Стјепан Периќ добија син.
Среќен роденден!
Преземено од vistina.com.mk