Таа ги шокираше сите со оваа објава
Парис Џексон и уште неколку пријателки ја соблекоа долната облека под полна месечина за да ја изразат својата благодарност во пресрет на Ноќта на вештерките.
Како изгледал овој „ритуал“ покажа и на Инстаграм каде заедно со објавените фотографии напиша: „Ти благодарам мајко месечино“.
Според пријателката на Париса, Лавандер, тие неодамна формирале група и се собираат за да го одбележат секој почеток на нова лунарна фаза.
„Ви благодарам сестри што ми дозволивте да го изведам мојот прв ритуал на полна месечина“, напишала Лавандер на својот Инстаграм.
„Неверојатно е да се има овој сладок и посебен вештерски култ. Група толку духовно свесни, неверојатни жени. Ви благодарам на трпението за моето мешање“. А Лавандер во коментар објасни дека ритуалот не е ништо мрачно. Наместо тоа, тие едноставно „и се заблагодариле на месечината“.
Што се однесува до името на нивниот нов култ, Александра се пошегува дека ги нарекуваат „банда валкани нозе“.
Како што и самата призна, Парис нашла мир во овој култ по обидот за самоубиство.
Парис претходно изјави дека повеќе го цени животот и оваа земја откако се обидела да се самоубие. Таа во емисијата „Red Table Talk“ зборуваше за обидите за самоубиство со Вил Смит, велејќи дека е благодарна што се уште е жива.
“Можам да кажам, неколку години подоцна, дека навистина сум благодарна што не го направив тоа. Работите се подобрија”, објаснила Парис.
Фотографиите очекувано наидоа на бурни реакции. И додека едни ја поддржуваат нејзината одлука и придржување кон култот, други негодуваат, велејќи дека сето тоа е малку морбидно и бизарно.
Парис сепак не обрнува внимание на нивните коментари и ќе продолжи редовно да ги изведува ритуалите.