Елвис го игра Остин Батлер, а филмот е во режија на Баз Лурман
Режисерот Баз Лурман на својот Твитер профил го објави првиот тизер од својот долгоочекуван (и засега неименуван) биографски филм за Елвис Присли. Во краткото видео можеме да го видиме Остин Балтер во улогата на кралот на рокенролот, но не можеме да го видиме лицето на актерот.
Лурман најави и кога не чека премиерата на филмот. А тоа е 24 јуни 2022 година
– Елвис понеделник. Направив нешто за да ве известима вас добрите луѓе дека водиме сметка за работата на 24 јуни 2022 година – напиша Лурман, со хаштагот #Elvis #TCB.
Видеото го содржи познатото лого на Елвис на TCB – Taking Care of Business, како што беше името на неговиот бенд.
Elvis Monday⚡️
Made a little something to let you good people know we are taking care of business on June 24, 2022.#Elvis #TCB pic.twitter.com/grf8IGqfw9
— Baz Luhrmann (@bazluhrmann) November 15, 2021
Сопругата на пејачот Присила Присли наводно го дизајнирала логото на молња околу буквата ТЦБ, а пејачот со овој приврзок им подарил ѓердани на членовите на неговиот потесен круг „Мемфис мафија“.
Лурман режира според сценариото што го напиша заедно со Сем Бромел и Крег Пирс.