Таа на своите следбеници им го честиташе католичкиот Божиќ, но нејзините честитки се далеку од скромни и топли – тие се веќе жешки
Богатата наследничка Парис Хилтон ги воодушеви своите обожаватели со својот празничен стајлинг и провокативното издание кое никого не остави рамнодушен.
Новомажената Парис помина незаборавен меден месец со својот сопруг Картер Реум, но откако се врати на Беверли Хилс за празниците, изгледа дека „провоцира“ повеќе од порано.
Парис на својот Инстаграм објави фотографии на кои им го честита католичкиот Божиќ на следбениците, но тие се далеку од скромни и топли честитки – жешки се.
Таа позираше облечена во традиционалната црвена боја од глава до пети, но не можеше да се каже дека е облечена целосно бидејќи носеше долна облека, подвезици, чевли со високи потпетици и бунда.