Долго време имаше контроверзии околу тоа дали и колку се здрави кикириките, се додека не се утврдат сите здравствени придобивки.
Можете да јадете кикирики сурови, како намаз или како составен дел на многу салати и јадења, а придобивките се големи, бидејќи се богати со растителни влакна, витамини, хранливи материи и антиоксиданси.
- Го намалуваат нивото на холестерол
Иако кикириките се богати со калории, многу студии покажуваат дека кикириките и путерот од кикирики помагаат во намалување на холестеролот и триглицеридите.
- Го контролираат нивото на шеќер во крвта
Едно истражување сугерира дека појадокот со кикирики може да помогне во контролата на шеќерот во крвта во текот на денот, дури и ако сте јаделе ручек полн со јаглени хидрати.
- Содржат добри масти и помага при слабеење
Иако има многу калории и маснотии, кикириките не влијаат на зголемување на телесната тежина. Конзумирањето на овој мешункаст плод може да помогне во одржувањето на виталноста и спречување на дебелината, но и да изгубите вишок килограми под услов да го јадете со минимална количина сол или несолен.
- Ја подобрува меморијата
Кикириките се храна за мозокот. Истражувањата докажаа дека витаминот Б3 што се наоѓа во кикириките дава многу здравствени придобивки, што вклучува подобрување на функцијата на мозокот и мемориските способности.
- Помагаат на варењето
Кикириките исто така содржат влакна, кои се корисни за мазна функција на цревата и варење. Ако сакате да го намалите ризикот од рак на дебелото црево, како и формирање на камења во жолчката, предлагаме да го внесете овој познат мешункаст во вашата редовна исхрана.
- Добри се за здравјето на срцето
Меѓу придобивките за здравјето на луѓето, се чини дека оваа е најпознатата. Благодарение на високото ниво на мононезаситени и полинезаситени масти, кикириките можат да го одржат човечкото срце здраво.
Особено, олеинската киселина во кикириките може да го намали лошиот холестерол (ЛДЛ) во крвта и да го зголеми добриот холестерол (ХДЛ). Затоа, кикириките се способни да спречат мозочен удар и коронарна срцева болест со зголемување на здравите липиди во крвта.
Сепак, една група луѓе не смеат да ја консумираат оваа храна, а тоа се оние кај кои предизвикува алергии.
Поради алергенскиот ефект, кикириките не се препорачуваат за мали деца.