За рамен стомак не е потребно само урамнотежена исхрана.
Покрај здравата исхрана и вежбање, одредени животни навики влијаат и на рамниот стомак.
Ако ги примените овие шест совети, побрзо ќе го достигнете идеалниот стомак за летото.
Правилно држење на телото
Обидете се да седите или да стоите исправено во секој можен момент. Одржувањето на телото исправено ги активира мускулите што можат да помогнат во обликувањето на вашите стомачни мускули.
Ослободете се од салото на стомакот со насмевка
Смеењето е најлесниот и најзабавниот начин за обликување на вашите стомачни мускули. Иако звучи лудо, ова е многу ефикасен начин да ги затегнете стомачните мускули. Затоа, оставете го стомакот да „боли“ од смеа.
Не лупете ја кората од овошјето и зеленчукот
Влакната што се наоѓаат во лушпата од овошје и зеленчук се одлични сојузници во топењето на маснотиите во стомакот. Наместо да ја лупите кората од омиленото овошје или зеленчук, само измијте ја добро пред јадење.
Фрлете ги гумите за џвакање
Ако стомакот ви е надуен, виновна е гумата за џвакање, бидејќи тоа предизвикува голтање на вишокот воздух, што може да придонесе за болка во стомакот и надуеност.
Џвакајте ја храната подолго од вообичаеното
Многу е важно подолго да ја џвакате храната во устата, со цел да спречите проблеми со варењето на храната. Јадете полека и џвакајте долго време, така ќе го контролирате апетитот. Пожелно е секој залак да го изџвакате 10-15 пати.
Не јадете стоечки
Ако го консумирате оброкот стоејќи, може да се појави прејадување, затоа што тогаш не обрнувате внимание на количината што ја јадете. Секогаш јадете во седечка положба за подобро варење, како и порамен стомак.