Мастурбацијата е нормален процес за човечките суштества и здравото сексуално однесување, а исто така може да им помогне на жените подобро да го запознаат сопственото тело.
Женската мастурбација е една од оние теми кои предизвикуваат црвенило на лицето, непријатна тишина или кикотење – а во многу случаи тоа е кај жените кои изгледаат како да се срамат од тоа. Сепак, за среќа на жените, љубовта кон себе станува се по „нормална“ тема и се почесто се дискутира за неа.
Сè повеќе жени го прават тоа, многу повеќе отколку што мислат луѓето, а мастурбацијата всушност може да им помогне на жените подобро да го запознаат своето тело. Ако ништо друго, науката докажа дека мастурбацијата може да помогне да се подобри сексуалното искуство на жената со партнерот.
Сексолозите, но и истражувачите, сметаат дека мастурбацијата е сосема нормален процес за човечките суштества и здравото сексуално однесување. Има лоша репутација, бидејќи е многу приватно сексуално однесување за кое не се зборува премногу.
Жените мастурбираат повеќе отколку што се мисли
Можеби не го прават тоа цел ден секој ден, но 92 отсто од жените редовно мастурбираат. Оваа бројка изненадува многумина, бидејќи е многу поголем процент отколку што се мислеше.
Некои жени се психички мастурбатори
Со други зборови, тие можат да се возбудат, па дури и да доживеат оргазам со помош на својот ум, а тоа е, мора да се признае, посебен талент. Бери Комисарук, невролог, ги проучувал жените кои можат да постигнат оргазам без да се допираат. Во својата студија, тој набљудувал волонтерки во машина за магнетна резонанца како размислуваат за нивниот пат до оргазам. Нивното тело се однесувало како да го доживеало оргазмот на класичен начин.
Жените многу зборуваат за мастурбацијата
Според една студија од 2002 година, младите жени се многу поотворени да зборуваат за секс отколку мажите. Ева Лефковиц од Универзитетот Пен Стејт спровела студија која траела три месеци, набљудувајќи 124 жени и 81 маж на возраст од 18 до 25 години. Своето истражување го базирала на нивните разговори со истополовите пријатели. Таа откри дека испитаниците разговарале за сите прашања за сексот – вклучувајќи ја и мастурбацијата – многу почесто од мажите.
Мастурбацијата помага да се ублажат менструалните болки
Ако немате лекови против болки и имате менструални проблеми, мастурбацијата може да ви помогне. Експертите објаснуваат дека напливот на хормони кои се одговорни за нашето добро расположение, кои се ослободуваат за време на мастурбацијата, може да ви ја ублажат напнатоста и болката.
Жените сакаат да гледаат порнографија
Според една неодамнешна студија во Америка, 21 процент од Американките признале дека гледаат секс емисии во живо на интернет.
Жените мастурбираат за да заспијат
Мастурбацијата не е секогаш само за забава – понекогаш може да ни помогне да се опуштиме и полесно да заспиеме, а дури 32 отсто од жените мастурбираат поради оваа причина.
Речиси половина од сите жени би избрале да мастурбираат наместо да имаат секс
Дури 41 отсто од жените изјавиле дека повеќе уживаат во мастурбацијата отколку во сексот. Кога ќе размислиме малку подобро, јасно е зошто – задоволството е загарантирано, не мора да се плашите од негативни последици и максимално да се опуштите со себе.