9 модни комбинации за дами со облини: Во нив ќе се чувствувате пријатно и женствено

popara28 декември, 20211min00
shutterstock1243182424-830x0

Празниците бараат и уникатен стајлинг кој не е секогаш лесен за дизајнирање, бидејќи честопати подразбира потреба од следење на модните трендови. Дамите сакаат да изгледаат елегантно и привлечно во најлудата ноќ, а во исто време да се чувствуваат удобно.

Пред вас се девет новогодишни комбинации за дами со облини. Предноста на одредени комбинации е тоа што се носат во секојдневни ситуации.

1. Зелена комбинација со црвени балетанки

Зелено балон здолниште со карирана кошула во иста боја со црвени конци, во комбинација со црвени балетанки, ќе изгледа привлечно и модерно.

2. Секогаш атрактивен кадифен фустан

Плишаниот бордо фустан кој ја следи линијата на телото е секогаш добар избор за прослави, бидејќи дава нота на елеганција.

3. Непогрешлива црна комбинација

За секоја свечена пригода никогаш нема да погрешите ако облечете црно плисирано здолниште и едноставна маичка, а ја „скршите“ со интересни чевли.

4. Облечете се со длабок шлиц

Овој фустан со шлиц на страна и дискретен V-деколте е вистинскиот избор за новогодишната ноќ. Ќе изгледате свечено и привлечно.

5. Црна кошула и карирани панталони

Доколку сте практични, па сакате подоцна да ги носите парчињата облека што ќе ги изберете за новогодишното излегување, карираните панталони и црната кошула, комплетирани со чизми до глужд се одличен избор.

6. Долг црвен фустан

Долг црвен фустан со карнери во комбинација со црна кожна јакна ќе ви даде романтичен изглед.

7. Широки панталони

Со широки панталони со точки и едноставна црна маичка ќе изгледате како кралица на стилот.

8. Морнарско здолниште и атрактивна кошула

Надополнете го темносиното здолниште со атрактивна шарена кошула и ќе имате две парчиња облека кои ќе можете да ги користите во многу пригоди и по Нова година.

9. Кошула со пруги и панталони од твид

Во оваа комбинација на облека ќе изгледате послабо, бидејќи вертикалните пруги визуелно ја стеснуваат фигурата. Покрај тоа, можете да носите потемни панталони и кошула со пруги кога одите на работа по новогодишните празници.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag