96% од луѓето тврдат – ДЕЛУВА! Еве како да заспиете за само 2 минути!

popara6 август, 20211min0
325792_devojkanemozedaspavashutterstock-406695340_ff

Спиењето е клучно за нормално функционирање на телото, физичко и ментално здравје и обновување на енергијата. Луѓето кои имаат квалитетен сон се попродуктивни, помалку склони кон зголемување на телесната тежина и депресија, имаат помал ризик од кардиоваскуларни заболувања и посилен имунитет, поразвиена емоционална и социјална интелигенција …

Меѓутоа, што ако ви е тешко да заспиете? Американската војска има трик што може да ви помогне!

Оваа интересна техника, за првпат објавена во книгата „Опушти се и победи: Шампионски перформанси“ од 1981 година, беше развиена на поморска академија за да им помогне на кадетите да дојдат на час одморени, бидејќи многу пилоти правеле фатални грешки за време на Втората светска војна поради недостаток на сон. Откако почнале да го применуваат овој метод, војниците успеале да заспијат за помалку од две минути, и се покажало дека техниката работи во дури 96 проценти од случаите!

Како да заспиете за помалку од две минути?

  • Дишете полека и длабоко, опуштајќи ги мускулите на лицето. Ослободете се од секоја напнатост во пределот на челото, вилицата и околу очите.
  • Опуштете го телото. Започнете од рамената спуштајќи ги што е можно повеќе. Потоа целосно опуштете ја надлактицата, потоа подлактицата на десната рака, а потоа и левата рака.
  • Додека полека вдишувате и издишувате, опуштете го торзото и ослободете ја напнатоста во нозете, од бутовите до потколениците.
  • Откако целото тело ќе ви биде опуштено околу 10 секунди, треба да го исчистите умот со тоа што замислувате дека лежите во кану на езеро под ведро небо, лежите во удобна и топла црна лежалка во затемнета просторија или повторувате десет до триесет секунди „Не размислувај, не размислувај, не размислувај.
  • Бидете сигурни да го пробате вечерва и кажете ни дали работи!
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma