Ако го видите ова на јајцето, ВЕДНАШ ФРЛЕТЕ ГО бидејќи може да биде МНОГУ ОПАСНО ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

popara23 август, 20211min0
jaje-profimedia-0335674249

Внимание!

Јајцата се вообичаен избор за брз појадок, бидејќи не постои погрешен начин да ги подготвите. Можете да ги сварите, да ги пржите на око или да направите кајгана – вкусот сепак ќе биде одличен. Јајцата исто така содржат квалитетни протеини, а немаат многу калории. Меѓутоа, она што нѐ мачи кога купуваме јајца е како да ги избереме оние што се најдобри.

Ги земаме оние што се „убави за око“, и обично избегнуваме јајца што имаат испакнатини и дамки на лушпата. Експертите ја разрешија дилемата зошто некои јајца се направени да изгледаат вака и дали се безбедни за употреба.

„Овие темни дамки се формираат на почетокот на процесот, додека јајцето сѐ уште „патува“ низ кокошката. На тој пат, јајцето ротира, и ако тоа се случи премногу бавно, на крајот може да добие пеги. Нерамната лушпа на јајцето исто така се формира за време на тој процес “, тврдат тие.

Дали е безбедно да се јадат таквите јајца. Краткиот одговор е – „да“. Најважниот дел кога станува збор за безбедноста во консумирањето јајца е начинот на кој ги готвите. Јајцата може да ја содржат бактеријата салмонела, која е втората најчеста причина за труење со храна во Соединетите држави. Експертите предупредуваат дека црни или зелени дамки во лушпата на јајцето може да укажуваат на тоа дека има бактерии во јајцата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma