Ако љубовните врски се поделени на овие три различни типа, на кој припаѓа вашата врска?

popara2 јуни, 20212min0
111-6_original

Прочитајте за разликите помеѓу врските и разгледајте дали би ја класифицирале вашата сопствена љубовна врска како: традиционална, освестена или трансцендентна

Иако секоја се заснова на љубов, нема две врски кои исти: сите парови поминуваат низ различни фази на врската на различни начини и имаат различни цели кон кои се стремат во таа врска. Сепак сите овие разлики може да се сумираат во три главни типа на врска или однос:

1. Традиционални врски

Традиционалните врски се најчести и се јавуваат во многу бракови и врски и обично вклучуваат партнери кои се фокусирани на заеднички интереси, но не баш на личен раст и развој.

Во повеќето традиционални врски, ниту еден партнер нема да вложи посебен напор во сопствениот развој и унапредување – ментално или духовно – прво целосно да се прифатат себеси, и дури потоа силно да се поврзат со другата личност…

Во ваквите врски и двајцата партнери се фокусирани првенствено на себе и на задоволување на сопствените потреби, што ги спречува да растат во двојка и честопати предизвикува меѓусебна конкуренција околу тоа кој е подоминантен во врската…

 | Autor : Shutterstock

Партнерите во традиционалните врски најчесто избегнуваат решавање на проблемите што ги имаат како двојка, претпочитајќи целосно да ги игнорираат.

Како и да е, повеќето луѓе во такви врски само бараат сигурност, па врската веројатно ќе остане иста засекогаш, а раскинувањето најчесто ќе се случи кога некој ќе реши посериозно да работи на себе.

2. Освестени врски

Таквите односи се јавуваат помеѓу две „сродни души“, што е можно само ако двајцата партнери го „постигнале“ својот емотивен и духовен раст самостојно, пред да се сретнат со другиот.

Во свесните врски, фокусот е ставен на емоционалниот и духовниот раст на обете лица, но исто така и на растот на парот, а луѓето во такви односи постојано учат едни од други, со цел да постигнат своевидна спиритуализација.

Двајцата партнери во освестената врска се толку активно вклучени во решавање на заедничките проблеми, имаат доверба и можат да се потпираат еден на друг: така тие се во можност да воспостават врска во која „ние“ е пред „јас“…

 | Autor : Unsplash

Сепак, дури и овие врски не секогаш траат до крајот на нивниот живот, а односите обично се распаѓаат кога две лица веќе немаат простор за заеднички раст и развој или кога едното од нив веќе не може да ги задоволи основните потреби на другото…

3. Трансцендентни односи

Специфичноста на ваквите врски е дека партнерите се сакаат безусловно и двајцата веќе одамна го совладале прифаќањето на сопствената одговорност – така што сега заедно можат да создадат своја сопствена среќа и емоционална стабилност, без страв дека некој од нив ќе се „изгуби“

Бидејќи и двајцата целосно се реализирани и се свесни за својот идентитет, партнерите во оваа врска лесно прифаќаат дека врската ја прават двајца и создаваат заедница во која не се губи нивната личност, а целината е поголема од збирот на нејзините делови…

 | Autor : Shuttershock

Бидејќи тие го совладале безусловното прифаќање на себе и другите, во таквите односи, борбите за моќ и надмоќ не се чести, а партнерите целосно се поддржуваат еден со друг во животните желби и цели.

Двајцата се водат еден со друг и доволно им е она што го имаат, а во врската се и повеќе од задоволни, така што можат лесно да се посветат комплетно еден на друг до крајот на животот…

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma