АКО НЕ САКАТЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРАТЕ,ЌЕ ВЕ ПРАТИМЕ ВО ЗАТВОР: Во оваа земја, за време на короната се закануваат брутални казни!

popara23 јуни, 20211min0
vojnici

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте сериозно им се закани на граѓаните кои одбиваат да бидат вакцинирани.

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте денеска се закани со затвор за оние кои одбиваат да примат вакцина за корона вирусот.

„Вие бирате, вакцина или ќе ве испратиме во затвор“, рече Дутерте во телевизиското обраќање, по извештаите за слаб одговор на вакцинацијата на повеќе локации во главниот град Манила.

Неговата изјава е во спротивност со претходните пораки на здравствените лица дека вакцинацијата е доброволна, иако е охрабрена.

“Не ме сфаќајте погрешно, има криза во земјата. Јас сум огорчен кон Филипинците кои нема да ја слушаат владата”, објасни Дутерте.

Од 20 јуни, 2,1 милиони луѓе се целосно вакцинирани на Филипините, што е многу мал напредок со оглед на тоа што целта на владата е да имунизира до 70 милиони луѓе до крајот на годината.

Во земја со 110 милиони жители досега се потврдени повеќе од 1,3 милиони случаи на корона вирус, а повеќе од 23 000 луѓе починаа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma