АКО САКАТЕ УБАВO ДЕКОЛТЕ, НЕ ПРАВЕТЕ ГО ОВА! Водете сметка за следниве работи!

popara13 август, 20211min0
281264_beablue-contemporary-facial-expression-1036622_f

За да имате прекрасно деколте, треба да избегнувате работи кои го нарушуваат

Големи, мали, на еден или друг начин, сите гради се убави на свој начин. Она што сигурно ниту една жена не го сака е опуштени гради и деколте што изгледа старо, а овие грешки ја забрзуваат оваа појава.

Носите погрешен градник или воопшто не го носите

Ако не носите соодветен градник, кој навистина ги поддржува вашите гради – што е особено важно ако имате бујни гради кои се затоа потешки – тие ќе се опуштат со текот на времето.

Покрај тоа, една студија од 2013 година покажа дека неносењето градник, исто така, го забрзува опуштањето на градите и нивното стареење.

Не пиете доволно вода

Водата е важна за хидратација на целиот организам, а со тоа и на кожата, како најголем орган. Ако не пиете, кожата ќе биде сува и груба, опуштена, а тоа прво може да се забележи на чувствителната кожа на деколтето.

Не ја штитите кожата од сонце

Дерматолозите повторуваат дека е многу важно да се заштити кожата од сонце, бидејќи прекумерната изложеност на сончева светлина го забрзува нејзиното стареење. Ако се уште не сте започнале, започнете редовно да нанесувате креми за сончање што е можно поскоро.

Пушите

Нема потреба да повторуваме колку пушењето е штетно за белите дробови и општото здравје, но можеби не знаете колку е лошо за кожата. Оваа страшна навика ја уништува еластичноста на кожата, а тоа секако придонесува за опуштање на градите и нивно стареење.

Имате чести варијации во тежината

Ако често сте биле на диети со јо-јо ефект, т.е. вашата телесна тежина често варира, ова исто така ќе се види и на вашите гради. Со честото истегнување на кожата, кое настанува поради гоење, кожата ја губи еластичноста, поради што по неколку здебелувања и слабеења градите ќе изгледаат како издишан балон.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma