Отсекогаш постоело непишано правило дека жените обично сакаат да го намалуваат, а мажите го зголемуваат бројот на прашањето колку интимни партнери смениле…
Порталот Superdrug Online Doctor ја истражуваше оваа тема малку подетално. Тој прашал 2.000 луѓе за нивните љубовни навики, а резултатите биле очекувани.
Докажано е дека 17,5 проценти од мажите лажат за бројот на интимни партнери на начин што го зголемуваат бројот, додека тоа го прават само 8,2 проценти од жените.
Од друга страна, 18,6 проценти од жените признале дека во приказните го намалиле бројот на нивни интимни партнери, додека истото го прават 13,7 проценти од мажите.
Жените се потолерантни
Од испитаниците исто така било побарано да наведат по кој број на сменети партнери сметале дека лицето е промискуитетно. Мажите велат дека жената е „лесна“ ако има 14 или повеќе интимни партнери, додека жените одговориле 15 или повеќе.
И жените и мажите се согласија за идеалниот број на партнери – жените одговорија дека 7 лица се идеален број на интимни партнери во животот, додека мажите 8.
На прашањето колку партнери имале во животот, повеќето жени одговориле 7, а мажите 6.