Љубовните вештини на холивудскиот актер беа доведени во прашање на „ТикТок“ кога внуката на славната танчерка и актерка откри дека е „лош во креветот“
Во видеото на ТикТок, корисничката Starwise00 тврди дека нејзината тетка, американската танчерка и актерка Џулијан Хју (32) спиела со Леонардо ди Каприо (46) и не била задоволна од неговите способности.
– Тетка ми спиеше со Леонард ди Каприо. Тој, наводно, не е добар во кревет – рече внуката на Џулијан во „ТикТок“ предизвикот, што е исклучиво за роднини на познати личности.
Џулијан Хју е позната по долгогодишното учество во американската верзија на шоуто „Танц со sвездите“ и римејкот на филмот „Footloose“ од 2013 година.
Таа додаде дека благодарение на нејзината славна тетка ги запознала актерката Нина Добрев (32), Ники Рид (33) и актерот Иан Сомерхалдер (42).
Starwise00 наскоро го отстрани видеото од нејзиниот профил, а Џулијан и Леонардо засега немаат коментар.