АКТЕРКАТА ЈА СИЛУВАЛО МОМЧЕТО СО ШЕСТ ДРУГАРИ! Памела Андерсон ги раскажа траумите низ кои поминала во својата младост, нејзината мајка УНИШТЕНА

4 мај, 2021
2555551_profimedia0566005589_ls

Актерката Памела Андерсон имаше многу бурен живот, но и трауматичен.

Имено, таа пред неколку години изјави дека дадилката сексуално ја злоставувала од шест до десет години. Покрај ова шокантно откритие, Андерсон призна дека злоупотребата продолжила и подоцна.

Памела призна и дека на 12-годишна возраст ја силувал 25-годишен маж, а на 14-годишна возраст била сексуално нападната од нејзиното момче заедно со неговите шестмина пријатели.

Pamela Anderson

– Моето момче во тоа време сметаше дека ќе биде интересно да ме силуваат со шест пријатели. Не сакав да живеам, сакав да исчезнам од лицето на земјата – вели актерката.

Скршената мајка на Памела Андерсон, Керол, призна дека не знаела низ што поминува нејзината ќерка, сè додека јавно не го призна тоа во Кан. По признанието на Памела дека била силувана два пати, како и дека била злоставувана како дете, нејзината мајка остана во шок и целосно збунета, но пред сè тажна што нејзиното дете минало низ сето тоа само.

Керол пред неколку години изјави дека немала поим низ кој хорор поминувала нејзината ќерка, како и дека целото семејство останало без зборови и зачудено од оваа исповед. Во исто време, канадската полиција започна истрага за наводните злосторства.

Pamela Anderson

Имено, на презентацијата на нејзината фондација во Кан во 2014 година, Памела отворено зборуваше за своето детство и страдање и за прв пат призна дека нејзиното прво сексуално искуство било силување.

– Седев со отворена уста кога дознав за тоа. Сопругот Бери и јас секогаш мислевме дека сме посветени родители, па затоа беше навистина страшно сега да го слушнеме ова. Бев исто толку шокирана како и сите други луѓе, особено затоа што мислев дека сум блиска со моите деца. Мојот син Гери плачеше со часови, никогаш не сум го видела така да плаче, и сето тоа затоа што се чувствуваме како да не ја заштитивме Памела доволно добро – рече Керол.

Керол вели дека не знаела ништо за ова сè до говорот во Франција, а веднаш откако го одржа говорот, Памела и испратила е-маил на нејзината мајка.

Pamela Anderson

– Таа напишала „Мамо, не го сфаќај ова лично, те сакам многу и од тебе ја добив сета сила и сите работни навики“. Едноставно сакала да го симне тој товар. Сигурно и било многу тешко, особено во тие години – изјави тогаш вознемирената мајка на актерката.

Керол била особено загрижена за тврдењето дека бебиситерката ја злоставувала. Како што вели, таа работела и давала се од себе да биде тука за Памела и нејзиниот брат кога и да можела. Но, во текот на денот, бебиситерката се грижела за Памела.

– Пам и јас тогаш бевме многу блиски, работев преку ден и се обидував да бидам дома секоја вечера со неа и нејзиниот брат. Ако била сексуално злоупотребувана од шест до десет години, тогаш навистина е тешко да се поднесе. Но, не се сеќавам за која бебиситерка зборува Пам, ги имаше многу – рече мајката на Памела.

Но, повеќе од сè, Керол била шокирана од фактот дека нивната миленичка многу години го криела тоа од нејзините родители.

– Не можам да верувам дека таа тогаш не ми го кажа ова, не беше срамежливо девојче и затоа ова ми го крши срцето. Работевме многу, но Памела и нејзиниот брат беа блиски и се грижеа еден за друг. Тој е четири години помлад од неа и е толку шокиран. Се обидува да се сети на сè што може за бебиситерките од тој период – додаде таа.

Таа верува дека нејзината ќерка ја направила оваа болна исповед затоа што сакала да им помогне на другите девојки кои преживеале силување да зборуваат за тоа, а не да држат во за себе.

Pamela Anderson