Актерот не може да најде девојка што може да и парира на Меган Фокс: Сега тој се забавува со 12 години помлада, но…

7 јануари, 2021
brian-austin-green-brajan-ostin-grin-460x0

Славниот актер беше фотографиран со танчерка 12 години помлада во топла прегратка.


Американскиот актер и продуцент Брајан Остин Грин (47), кој е поранешен сопруг на убавата холивудска актерка Меган Фокс (34), беше фотографиран на Хаваи со својата нова девојка, танчерката Шарна Берджесс (35), а новиот пар изгледа многу заљубено.

По разводот со Меган Фокс, актерот се дружеше со старлетата Кортни Стоден (25), поранешна сопруга на актерот од познатиот филм „Зелена милја“ на Даг Хачинсон (59), како и со раздвижената убавица Тина Луиз, која е сопственик на ресторан во Лос Анџелес. Но неговото срце сепак го украде sвездата на шоуто Dancing With The Stars”.

35-годишната убавица Шарна е по потекло од Австралија, а се чини дека добро се забавува со својот нов партнер на плажата на Хаваи.

Двојката е сликана како постојано се смее, гушка и се бакнува во вода, а по тој повод русокосата убавица носеше бел костим за капење, додека Рајан носеше шарени шорцеви, а во еден момент и двајцата носеа исти плетени капи на главата.


Актерот изгледа многу среќен во првите денови од 2021 година, по тешката 2020 година, кога по 10 години брак и 15 години врска, се разведе од една од најубавите актерки во Холивуд.

Неговата сè уште законска сопруга Меган Фокс веднаш влезе во врска со американскиот рапер Машин Ган Кели, кој е четири години помлад од неа и се чини дека е многу заљубен, додека Брајан ја најде среќата неколку месеци подоцна.

Брајан и Меган го делат старателството над своите три деца заедно, и се чини дека во оваа пригода, децата ги поминаа празниците со својата мајка.

„Твојата убава нова девојка“, „Никој не може да се спореди со Меган“, „Уф тој задник“, „Сè е залудно, никој не е добар како Фокс“, беа само некои од споделените коментари на обожавателите кога видоа фотографии од новата девојка на Брајан.

escort - Korsan taksi