Актерската двојка е подготвена за своето четврто дете, размислуваат за посвојување

popara14 мај, 20211min0
profimedia-0511716399-1

Странските медиуми пишуваат дека Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли имаат намера да посвојат дете од Јужна Америка.

Актерот Рајан Рејнолдс и неговата 33-годишна сопруга Блејк Лајвли се едни од оние парови кои својот приватен живот го чуваат подалеку од очите на јавноста. Тие не зборуваат многу за своите деца, а актерката ја криеше последната бременост се додека не можеше повеќе да го сокрие стомакот. Таа ја роди својата трета ќерка Бети во октомври 2019 година, а актерската двојка одлучи дека сега се подготвени за четврто дете.

Странските медиуми пишуваат дека Рајан и Блејк имаат намера да посвојат дете од Јужна Америка. „Не е тајна дека се загреале за да му обезбедат дом на дете од сиропиталиште”, рече извор близок до парот. Двајцата работат со центар кој работи со помагање на децата бегалци и мигранти. Тие донираа милиони долари за нивните иницијативи. Со години соработуваат со оваа фондација, а според странските медиуми, сега сакаат да посвојат едно од децата.

Блејк во едно интервју изјави дека ја обожава улогата на мајка. Таа изјави дека би сакала да има цело „племе“ деца. А, Рајан одличпно се снаоќа во улогата на татко и ужива во семејната идила, па затоа не е изненадување што овој актерски пар сака да стане побогат за уште еден член на семејството. ‘Едноставно уживам во секој момент што го поминувам со моето семејство. Блејк е одлична , а и јас скокам кога е потребно“, рече актерот во една прилика.

Патем, актерската двојка се запозна во 2010 година додека заедно го снимаа филмот „Зелен фенер“. Рајан тогаш беше оженет со 36-годишната актерка Скарлет Јохансон, а Блејк беше во врска со колегата од „Gossip Girl“, 34-годишниот Пен Бадгли. Во тоа време, тие немаа идеја дека еден ден ќе се заљубат еден во друг. По околу една година и двајцата раскинаа со своите партнери, а чувствата меѓу нив пламнаа. Конечно, во 2012 година, Рајан и Блејк се венчаа во тајност.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma